Класична настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 45 минути.
Децата изучуваат одреден фонд на зборови прилагодени за нивна возраст со помош на аудио-видео помагала, учебник, работна тетратка и други нагледни средства.
Современа настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Училница опремена со 8 компјутери со постојана интернет конекција и програм за изучување на англиски јазик.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 60 минути и се дели на два дела.
Првите 40 минути се изведува класична настава со помош на аудио и видео помагала, учебник и работна тетратка. Наставата се изведува со читање, слушање, гледање на филмовани лекции, пишување на табла и во работна тетратка, како и конверзација меѓу себе и со професорот.
Вториот дел од часот т.е. наредните 20 минути учениците го минуваат на компјутер каде е инсталирано мултимедијално ЦД со содржина што ја прати наставата од класичниот дел од часот.
Целта на овој метод за изучување на странски јазик е совладување на содржините од класичниот дел на часот за успешно изработување на вежбите (играње на игрите). Со тоа децата повеќе се мотивираат, а имаат и поголема концентрација на класичниот дел од часот. Она што нема да го совладаат на класичниотдел од часот лесно ќе го совладаат на компјутер.
Напомена:
За учениците од оваа возраст предлагаме специјален пакет дополнет со компјутерска обука и дактилографија.
|