Класична настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 45 минути.
Децата изучуваат одреден фонд на зборови прилагодени за нивна возраст со помош на аудио-видео помагала, сликовници и други нагледни средства.
Современа настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Училница опремена со 8 компјутери и програм за изучување на германски јазик.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 60 минути и се дели на два дела.
Првите 30 минути децата наставата ја следат во училница која е опремена со аудио и видео помагала. Наставата воглавно се реализира низ игри и песнички и разни анимации, со кои децата ќе комуницираат меѓу себе и со професорот. Децата играат, пеат и глумат и на тој начин неосетно го совладуваат предвидениот фонд на зборови.
Наредните 30 минути т.е. вториот дел од часот децата го минуваат на компјутер каде се инсталирани специјални програми (игри) за изучување на германскиот јазик. Тоа се мултимедијални ЦД–а со содржина која се работи на класичниот дел од часот.
Предноста на оваа настава е што се постигнува голема ефикасност. Децата се максимално мотивирани да го следат класичниот дел од часот како би можеле да ја изработат вежбата (да ја изиграат играта). На тој начин она што не успеале да го совлаадат на класичниот дел на часот лесно ќе го надополнат на компјутер. |