Класична настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 45 минути.
Претходно ќе се провери степенот на познавање на јазикот за да се одреди степенот кој треба се изучува. Тестирањето ќе се врши стручно.
Наставата се изведува класично со помош на аудио и видео помагала. Наставната материја ја прати програмата од редовната настава која учениците ја изучуваат на училиште. Пред секоја писмена работа учениците добиваат по еден час гратис за подготовка.
Современа настава
Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Училница опремена со 8 компјутери и програм за изучување на германски јазик.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часот трае 60 минути и се изведува во два дела.
Класичен дел на часот трае 40 минути и се совладува наставата со помош на аудио и видео помагала и литература согласно на степенот што го изучуваат.
Вториот дел на часот учениците ќе го минат на компјутер каде на забавен начин ќе ги надополнуваат знаењата со помош на мултимедијално ЦД. Содржината на ЦД-то ја прати содржината на класичниот дел од часот.
Напомена:
За поголема ефикасност предлагаме претходно со 10 часа учениците да ја совладаат техниката за десетпрстно слепо пишување, бидејќи истата ќе се користи при изработка на диктати кои претежно ќе бидат на компјутер.
Училницата е со постојана интернет конекција и учениците кои целосно ја имаат совладано содржината од тековниот курс ќе имаат можност секој втор час да комуницираат со свои врсници на интернет на англиски јазик, (претходно ќе се обезбедат e-mail адреси на кои ќе се обраќаат) |