Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со 8 компјутери.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Основниот курс за деца се реализира со изучување на Windows + Office. Се стекнува елементарно познавање за користење на персонален компјутер.
Најпрво на децата им се објаснува што е компјутер , кои се неговите составни делови и кои можности ги нуди, а потоа се преминува на практично изучување.
Часот трае 60 минути и се одвива во училница со осум компјутери каде што децата ќе имаат можнот да работат на еден ист компјутер каде што ќе можат да го архивираат стекнатото знаење и изработениот материјал.
По завршувањето на курсот истиот ќе им биде предаден на ЦД, а исто така ќе добијат диплома за успешно завршениот курс. |