Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Часовите траат 45 минути.
Наставната материја ќе ја прати редовната училишна програма. Учениците ќе добијат бесплатни часови и консултации за подготовка пред секоја писмена работа.
Најпрво со изјава на кандидатот (или родителот) учениците се групираат на:
-Талентирани ученици
-Ученици на кои им треба помош во совладувањето на наставниот материјал.
Со послабите ученици ќе се работи по школска програма. Ќе биде успех и за ученикот и за професорот доколку покажат солидни резулатати и преминат во елитната група.
Со талентираните ученици ќе се работи со забрзано темпо, а школото ќе се ангажира учениците да учествуваат на регионални, државни и други натпревари, во името на училишниот центар КИБОРД. |