Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со современа аудио и видео опрема.
- Училница опремена со 8 компјутери со постојана интернет конекција и програм за изучување на англиски јазик.
- Солиден стручен кадар.
Начин на изучување на материјалот:
Можностите што интернетот ги дава на современиот човек се огромни. Познавањето на англискиот јазик и работа со компјутери се клучните знаења за да се биде во чекор со времето и да се користат многубројните интернет услуги. За да се биде ефикасен во сето тоа неопходно е совладувањето на вештината за десетпрстно слепо пишување. КИБОРД ви презентира специјален пакет за ефикасна едукација во споменатите области.
Изучувањето на англискиот јазик и компјутери е паралелно co три часа во неделата од кои два часа анлиски јазик и еден час компјутерска обука со компјутерска дактилографија.
Часовите по англиски јазик траат 60 минути и се дели на два дела:
40 минути класична настава со помош на аудио и видео помагала и
20 минути вежби на компјутер со мултимедијално ЦД кое ја прати содржината на класичниот дел од часот.
Со ова се постигнува креативност во наставата која резултира со извонредна мотивација, бидејќи за да се изработат вежбите (за малите деца вежбите се во облик на игра) мора да се прати класичната настава.
Една година работевме по оваа програма и дојдовме до сознание дека со еден час неделно учениците научија повеќе од оние ученици кои работаа со два часа неделно по класична настава.
Часовите за компјутерска обука траат 60 минути.
Првите десет часа се совладува компјутерската дактилографија
наредните дваесет часа се совладуваат содржините од основниот курс за компјутерска обука.
Интернет едукација и користење на интернет услуги е бесплатно во склоп на часовите по компјутери.
Цел: Стекнатите знаења од целокупната наставна програма да се применуваат во комуницирање со нивни врсници од странски училишта. Училиштето се обврзува да обезбеди E-mail адреси од нивни врсници со кои учениците ќе комуницираат. Тоа би се состоело во давање на информации за градот при што приватната мотивација би се преточила во поширок општествен интерес, односно за Охрид тоа би значело многу. Учениците ќе имаат можност да шират познанства и да се дружат со врсници од цел свет а тоа е и мотив повеќе за изучување на јазикот. |