Услови за работа:
- Групи со максимум 8 кандидати.
- Училница опремена со 8 компјутери.
- Солиден стручен кадар.
- Софтвер за совладување рефлекси и брзина.
Начин на изучување на материјалот:
Следејќи ги искуствата од земјите со подолга традиција во користење на компјутерската технологија каде совладувањето на техниката за десетпрстно слепо пишување е почетна фаза во компјутерска обука, настојуваме истата да ја примениме и на нашите простори и да го наметнеме убедувањето дека дактилографијата повеќе не е професија туку вештина неопходна за секој корисник компјутер.
Прeдностите на десетпрстнотo слепо пишување се огромни:
- Кога е совладана техниката за пишување мислата се ослободува, а тоа е огромна предност бидејќи напорите се насочени на содржината, а не на чинот на пишувањето.
- Брзината е неспоредиво поголема. Се рационализира времето бидејќи се гледа само во мониторот и евентуалните грешки се исправаат во истиот момент. При препишување се гледа само во материјалот и не се губи време при враќање на редот. Заморот се намалува бидејќи не мора да се памети содржината туку само се пишува.
- Кога се работи за имиџ во споредба со правилното десетпрстно слепо пишување, пишувањето со цела рака со неправилни движења и колку да е брзо е неспоредливо.
ЕДНАШ СОВЛАДАНА ВЕШТИНА НЕ СЕ ЗАБОРАВА ТУКУ САМО СЕ НАДГРАДУВА И УСОВРШУВА
КИБОРД е прво училиште во Македонија коe ја наметнува дактилографијата како вештина неопоходна за секој корисник на компјутер и изучувањето на техниката за десепрстно слепо пишување ја вклопува во oсновниот курс за компјутерска обука, а го применува во изучувањето на странските јазици.
Во КИБОРД веќе три години се изучува оваа вештина и има кандидати кои со 30 часа ПОСТИГНАЛЕ БРЗИНА И НАД 250 ОТЧУКУВАЊА ВО МИНУТА.
Покрај другото се стекна и со сознание дека децаата од помала возраст почнувајки од второ одделение најлесно и брзо ја совладуваат оваа вештина. Како и секоја друга вештина кога еднаш ќе се совлада не се заборава туку само се надградува и усовршува. Постојат повеќе причини зошто е препорачливо децата од помала возраст да ја изучуваат оваа вештина.
Како прво многу побрзо и полесно ја совладуваат од повозрасните кои веќе се навикнале на некои неправилни движења низ тастатурата.
Сеуште немаат навика да се гледаат во тастатурата и не ги знаат буквите по местото во тастатурата туку ги паметат рефлексно преку прстите.
Кога децата веќе ќе стекнат навика за пишување со два прста или со цела рака со неправилни движења и со гледање, потешко ќе им биде да се одвикнат и обично немаат желба да ја совлададуваат оваа вештина.
Со тригодишно искуство во вршење на оваа обука усовршивме вежби со кои успеавме за 10 часа да можат да се совладат правилни движења на прстите за слепо пишување а потоа уште 20 часа учениците ќе вежбаат на специјален програм за рефлекси и брзина изработен во КИБОРД.
|