|
|
 |
 |
 |
 |
 |
Никола Главинчески
- менаџер
Како менаџер на училишниот центар Киборд можам да кажам дека успехот е неминовен кога се работи со солиден тим, а напорната работа гаранција за уште поголеми успеси во иднината.
|
Филип Главинчески
- менаџер
Среќен сум што моите познавања од областа на компјутерската технологија можам да ги применам и да допринесам за развој на овој училишен центар, и горд сум на успехот што го постигнавме за ефикасно - креативна едукација.
|
Вера Главинчева
- професор по office managment
Образование:
Дипломиран економист - професор по економски предмети.
Како оснивач на училишниот центар Киборд горда сум што за кратко време успеавме да стигнеме на ниво кое го прикажуваат нашите успеси, да формираме современ училишен центар. Нашата примарна цел е да применеме методи и техники за ефикасна едукација за областите што се неопходни во современиот живот. |
Соња Гаврилоска Љулкова
- професор по англиски јазик
Образование:
Дипломиран филолог по англиски јазик-преведувач, судски преведувач и професор по англиски јазик.
Кога го спомнувам името на училишниот центар Киборд, тоа име за мене значи, грижа, знаење, посветеност, напредок, иднина, ентузијазам и слобода. Се што значи за еден млад амбициозен човек. |
Маја Серафимова
- професор по англиски јазик
Образование:
Дипломиран филолог по англиски јазик-преведувач, судски преведувач и професор по англиски јазик.
Искуство за мене различно од сите мои претходни работни искуства е работата во Киборд со деца од предучилишна возраст. Тоа ме исполнува и прави среќна. Во овој училишен центар ги имам сите можности за ефикасна едукација, воспитување и социјализација во привиден облик на забава, при совладувањето на втор јазик по принципот на мајчин јазик. |
Марија Филева Стоев
- професор по германски јазик
Образование:
Дипломиран професор по германски јазик и книжевност.
Киборд за мене е место за едукација, дружење и забава. Место каде со помош на современи методи и техники на учење младиот човек ќе се стекне со знаењето кое му е неопходно за неговото утре да биде современо и успешно утре , бидејќи брзото темпо на животот го бара тоа од секој од нас. Само квалитетното образование е клучот за сигурен успех, а Киборд тоа го овозможува.
|
|
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
|
|
|