КИБОРД за прв пат се појавува во 2000 година со курс за компјутерска дактилографија и деловна кореспонденција. Совладувањето на техниката за десетпрстно слепо пишување за прв пат во нашата земја го актуелизиравме како потреба за секој корисник на компјутер и за кратко време се појави голем интерес. Во 2003 година формиран е училишен центар за компјутерска обука со дактилографија, странски јазици, математика, курсеви за стручно усовршување и др.
КИБОРД располага со сопствен деловен простор од 170 метри квадратни, четири училници современо опремени со аудио и видео помагала и 25 современи компјутери. Училниците со компјутери се со постојана интернет конекција.
Лоциран е во центарот на градот на улица Даме Груев 100 во непосредна близина на економското училиште.
Сите групи се со максимум 8 кандидати а часовите траат по 60 (45) минути.
Се работи со најсовремена програма и техника која резултира посебна ефикасност.
Сите ученици кои посетуваа настава во Киборд ке учествуваат во новогодишниот маскембал, а на крајот од школската година кандидатите ќе го презентираат стекнатото знаење на јавностa со приредба каде преку видео бим ќе се прикаже и дел од знаењето и техниката која се користи на час.
Во рамките на КИБОРД работи интернет кафе со 16 компјутери каде родителите ќе можат да ги користат интернет услугите додека ги чекаат своите деца од час. |